Достапни линкови

Обвинувања дека началникот на ГШ на српската војска е воен злосторник


Началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Љубиша Диковиќ.

Началникот на Генералштабот на српската армија, генерал Љубиша Диковиќ.

Српската организација за човекови права Центар за хуманитарно право обвинува дека новиот началник на Генералштабот на српската армија, генерал Љубиша Диковиќ извршувал воени злосторства врз цивили за време на војната во Косово во 1998 и 1999 година. Организацијата смета дека тој треба да биде сменет, зашто во централно Косово, каде што командувал Диковиќ, биле извршени „големи и тешки“ злосторства. Министерот за одбрана Драган Шутановац ги отфрли обвинувањата како „монструозни“ и неточни.
XS
SM
MD
LG