Достапни линкови

Обама - економија за сите, а не само за малкуте богаташи


Претседателот Барак Обама при утрешното традиционално обраќање за „Состојбата на Нацијата“ пред двата дома на Конгресот се очекува да упати повик за повеќе фер односи во американската економија.
Ова обраќање на Обама кое се пренесува и на телевизија се совпаѓа со почетокот на неговата кампања за добивање втор претседателски мандат.
Обама ќе повика да се изгради економија која ќе биде функционална за сите а не само за малубројните богаташи.
Анкетите покажуваат дека американците се поделени околу тоа дали Обама успешно ја извршува својата функција, но повеќето се незадоволни од тоа како се справува со економските проблеми. Републиканските против кандидати го обвинија дека подржува политики кои и штетат на економијата.
XS
SM
MD
LG