Достапни линкови

Турција најави нови мерки против Франција


Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу денеска најави дека Анкара ќе преземе нова серија мерки против Франција, ако францускиот Сенат го усвои предлог-законот со кој се предвидува казнување на лицата кои ќе го негираат „геноцидот врз Ерменците“ во Отоманската империја. Тој не прецизира какви мерки ќе бидат преземени. Давутоглу посочи дека предлог-законот ќе отвори нова ера на инквизиција во Европа и ќе биде загрозена слободата на изразување.

Предлог-законот беше изгласан од Долниот дом на Парламанетот на 22 декември и предизвика дипломатска криза меѓу Анкара и Париз и доведе до замрзнување на политичката и воената соработка меѓу двете земји.

Според Ерменија за за време на Отоманската империја во периодот од 1915 до 1917 година убиени се 1,5 милиони Ерменци. Турција тврди дека бројот на жртвите е од 250.000 до 500.000 луѓе и ја отфрла тезата за геноцид.
XS
SM
MD
LG