Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараат за аферата Телеком


И амерканските правосудни органи и резултатите на истрагата од американските служби потврдуваат дека во периодот 2005 и 2006 та година Владата на СДСМ е дебело вмешана во криминалот со Телекомот, велат од ВМРО ДПМНЕ. Александар Бичиклиски на денешната прес конференција изјави дека во Македонија мора да се дознае каде и во чии џебови завршиле парите и кој од владата на СДСМ стои зад кипарските фирми кои биле лажни консултанти на Телеком.Тој додаде дека СДСМ е партијата која е најповикана да одговори за криминалот во Телекомот и треба да понесе одговорност што фукнционери од нивната влада овозможиле продолжување на монополот и богатење на сметка на граѓаните.

СДСМ на ова одговори дека наместо, Јавниот Обвинител јавно да соопшти дека е покрената истрага за целосно расветлување на огромниот корупциски скандал со Телекомот,премиерот Никола Груевски јалово се обидува да ја умори јавноста со партиски препукувања. Во реакцијата на СДСМ е наведено дека „ Јасно е дека Груевски и ВМРО ДПМНЕ бараат разни изговори за да го заташкаат скандалот со Телекомот затоа што Груевски, како министер за финансии, ја аминувал приватизацијата на Македонски Телеком на 15 јануари 2001 година. Од тогаш, во изминативе 11 години, сите нелогичности со Телекомот неизбежно упатуваат на адресата на Никола Груевски меѓу другото е наведено во соопштението.
XS
SM
MD
LG