Достапни линкови

Бугарија го прекинува извозот на струја


Бугарија од денеска го прекинува извозот на електрична енергија во соседните земји поради штрајк во трите најголеми рудници за јаглен во земјата. Бугарија извезува 10 милијарди киловати струја годишно, главно во Србија, Македонија, Грција и Турција. Министерот за енергетика Трајчо Трајков вчера изјави дека поради штрајкот на рударите, моменталното производство на струја е доволно само за Бугарија. Рударите веќе шест дена штрајкуваат поради неиспалатена прекувремена работа.
XS
SM
MD
LG