Достапни линкови

Можно продолжување на мандатот на набљудувачката мисија во Сирија


Мандатот на набљудувачката мисија на Арапската Лига во Сирија истекува денеска. Министрите за надворешни работи на земјите членки на Арапската Лига во сабота ќе го разгледуваат извештајот што треба да го поднесе шефот на мисијата, за случувањата и насилството во Сирија. Новинските агенции јавуваат дека министрите на саботниот состанокот ќе разговараат и за можноста да се продолжи мандатот на мисијата за уште еден месец.
Безбедносниот совет на Обединатите Нации на почетокот на месецов соопшти дека околу 400 луѓе биле убиени за време на првите десет дена од мониторингот на мисијата.
Претходно Обединетите Нации соопштија дека над 5 илјади луѓе загинале од почетокот на немирите во март.
XS
SM
MD
LG