Достапни линкови

logo-print

Бангладеш спречил заговор за воен удар


Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи(Д) разговара со премиерите на Индија и на Бангладеш, Манмохан Синг(С) и Шеих Хасина(Л).

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи(Д) разговара со премиерите на Индија и на Бангладеш, Манмохан Синг(С) и Шеих Хасина(Л).

Армијата на Бангладеш соопшти дека спречила заговор од „армиски офицери – религиозни фанатици“ за соборување на демократски избраната влада во земјата. Бригадниот генерал Масуд Разак изјави дека двајца пензионирани офицери се уапсени во врска со „грозоморниот заговор“.

Владата на премиерката Шеих Хасина, која дојде на власт во 2009 година, лани направи промени да го зајакне секуларниот карактер на уставот на Бангладеш, иако исламот остана државна религија. Таквиот чекор предизивика протести од исламските активисти.

Земјата има долга историја на воени удари и контра-удари од кога стекна независност од Пакистан во 1971 година.
XS
SM
MD
LG