Достапни линкови

Петмина странски туристи убиени во Етиопија


Петмина странски туристи биле убиени во немирната област Афар во северниот дел на Етиопија. Државната телевизија на оваа земја јави дека група од осум неидентификувани странски државјани била нападната од вооружени бунтовници кај границата со Еритреја. Во веста се наведува дека напаѓачите најверојатно се поврзани со Еритреја, каде што е засолништето на протераниот Оромо фронт за ослободување, бунтовничка група која од владата на Етиопија се третира како терористичка организација.
Етиопското министерство за надворешни работи ја потврди информацијата, но немаше дополнителни детали за нападот.
XS
SM
MD
LG