Достапни линкови

Грција бара ЕУ да не го заборава Западен Балкан


Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Григорис Делавекурас денеска во Атина изјави дека не смее да се дозволи Европа да го заборави Западен Балкан, истакнувајќи дека тоа е главна цел на неговата земја.

Тој нагласи дека средбата на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан следниот месец во Солун претставува одраз на залагањата на Грција за прием на балканските држави во ЕУ и подготовка за самитот на Унијата со западнобалканските земји, кој ќе се одржи за време на грчкото претседавање со ЕУ во 2014 година.

Делавекурас оваа изјава ја даде по денешниот состанок на министерот за надворешни работи Ставрос Димас со грчкиот преговарач во спорот со името на Македонија Адамантиос Василакис, кој беше посветен на средбата со специјалниот пратеник на ОН Метју Нимиц закажана за в понеделник и вторник во Њујорк.
XS
SM
MD
LG