Достапни линкови

logo-print

Турција ги прифаќа само санкциите на ОН против Иран


Езерото Урмија во Иран во близина на границата со Турција.

Езерото Урмија во Иран во близина на границата со Турција.

Турција, која увезува нафта и природен гас од Иран, смета дека е обврзана само со санкциите на ОН против нејзиниот источен сосед, и покрај кампањата на САД за санкциите против Иран во врска со неговата нуклеарна програма. Портпаролот на турското МНР Селџук Јунал, изјави дека Турција ќе даде оценка на содржината на санкциите, кои се очекува да бидат обновени од САД, но „не се чувствува обврзана со какви и да е други санкции“.

Јапонија денеска најави дека помалку ќе купува иранска нафта, поддржувајќи ја на тој начин американската кампања, еден ден откако Кина студено реагираше на идејата.

Санкциите имаат за цел да ги запрат напорите на Иран, како што тврдат западните влади, да развива нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG