Достапни линкови

Годишно во Ирак гинат по околу четири илјади цивили


Ирак.

Ирак.

Изминатава година биле убиени 4.059 цивили во Ирак, околу 80 повеќе отколку во 2010 година, објави денеска британска невладина организација која се занимава со Ирак.

Организацијата соопшти дека од 2003 година, кога американските сили влегоа во Ирак, до крајот на изминатата година, во земјата загинале 162 илјади луѓе, од кои 80 отсто биле цивили.

Според ирачката влада, пак, во 2011 имало помалку жртви отколку во 2010 и во 2009 година. Според владините податоци, во 2011 загинале 2.645 луѓе, од кои 1.578 цивили, додека во 2010 година биле убиени 3.605 луѓе.

Во извештајот се наведува дека „последните трендови покажуваат постојано ниво на конфликт со низок интензитет во Ирак каде што цивилите ќе продолжат да гинат со слична стапка и во наредните години“.
XS
SM
MD
LG