Достапни линкови

Владата не дава новогодишни пакетчиња


Владата донесе заклучок органите на државната управа, јавните претпријатија и јавните здравствени установи, фондовите, агенциите, бироата, заводите, управите, акционерските друштва во државна сопственост и сите останати државни институции, да не одржуваат прослави на државен трошок и да не доделуваат новогодишни пакетчиња со буџетски средства. Заклучокот е донесен имајќи ја предвид актуелната светска економска криза. Како што се наведува во соопштението, Владата заклучи да не се исплаќаат и награди на вработените, како и регреси за годишен одмор.
Владата, тоа го препорачува и на регулаторните тела, на единиците на локалната самоуправа, вклучително и на сите градинки, основни и средни училишта во Македонија.
XS
SM
MD
LG