Достапни линкови

Церемонија во Ирак по повод повлекувањето на американските сили


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска пристигна во Багдад на церемонијата на формалното завршување на американското воено присуство во Ирак. Панета оцени дека е завршена огромна работа во Ирак, кој сега е суверена и независна држава.

Американските сили, на денешната церемонија во Багдад, ќе го спуштат американското знаме како симболичен потег за повлекување од таа земја по 9 години од инвазијата со која беше соборен Садам Хусеин. Вчера, американскиот претседател Барак Обама им посака добредојде на првата група американски војници кои се вратија од Ирак. Сите американски војници, според договорот, до крајот на месецов ќе се повлечат од Ирак.
XS
SM
MD
LG