Достапни линкови

logo-print

Собраниска расправа за измените на Законот во случај на невработеност


Пратениците во македонското Собрание денеска ќе ја продолжат расправата по измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Со нив се предлага лицата кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок во компаниите во кои работеле примаат надомест од државата само 18 месеци наместо сегашните пет години пред исполнувањето на услови за старосна пензија. Постојното решение дозволуваше жените со полни 57 и мажите со 59 години да заминат како технолошки вишок и да примаат паричен надоместок од Агенцијата за вработување во наредните пет години се до нивното пензионирање. Новото решение, како што појасни министерот за труд Спиро Ристовски, било направено по анализите кои покажуваат дека во ниту една држава во Европа ваков надоместок не се прима подолго од две години.
XS
SM
MD
LG