Достапни линкови

Обама се сретна со Малики


Американскиот претседател Барак Обама синоќа во Вашингтон разговараше со ирачкиот премиер Нури ал-Малики. Малики е во дводневна посета на САД. Посетата доаѓа во време кога последните американските борбени сили се подготвуваат да го напуштат Ирак до крајот на годината. На заедничката прес-конференција Обама изјави дека по девет години војната во Ирак конечно доаѓа до крајот. Тој изјави дека Ирак има вечен партнер во Соединетите држави и ги предупреди соседите на Ирак да не се мешаат во работите на Багдад.
За време на посетата на САД предвидено е Малики да се сретне и со државниот секретар Хилари Клинтон и со вицепретседателот Џо Бајден. Ирачката делегација ја сочинуваат и министерите за надворешни работи, за одбрана, за транспорт и за трговија.
XS
SM
MD
LG