Достапни линкови

Првата победничка на Евровизија не успеа повторно да избори настап


Пејачката Лис Асиа, прва победничка на Евровизија во 1957 година.

Пејачката Лис Асиа, прва победничка на Евровизија во 1957 година.

Осумдесетиседумгодишната швајцарска пејачка Лис Асиа, која е прва победничка на натпреварот на Песна за Евровизија, не успеа повторно да влезе во натпреварувањето.

Асиа победи на првиот избор на Евровизија во 1956 година со песната Refrain(Воздржи се). Таа се надеваше дека ќе направи камбек на 57-иот избор на Песна за Евровизија што догодина ќе се одржи во Азербејџан.

Таа, сепак, заврши само осма од 14 пејачи на прелиминарниот натпревар за избор на пејач што ќе ја претставува Швајцарија. Жирито оцени дека на нејзината балада C'etait ma vie(Тоа беше мојот живот) и недостасувале „модерни елементи“.
XS
SM
MD
LG