Достапни линкови

Црна Гора ќе ги почне преговорите со ЕУ во јуни 2012-та


Црна Гора во јуни идната година ќе ги почне преговорите за членство во Европската Унија, доколку забележи напредок во битката со организираниот криминал и корупцијата, е наведено во нацрт заклучоците на Европскиот Совет, кои денеска треба да бидат усвоени, јави Телевизија Црна Гора. Клучните членки на Европската Унија, освен Франција, која имала забелешки, потврдиле дека на денешниот состанок ќе биде утврден датумот за почеток на преговорите со Црна Гора.

Во врска со Србија и можноста да добие статус на кандидат за членство во ЕУ, во нацрт заклучоците се истакнувало дека одлуката ќе биде одложена за во март, наредната година.
XS
SM
MD
LG