Достапни линкови

Во затворите во светот рекорден број новинари


Бројот на новинарите кои се притворени во светот се покачи за 20 насто и годинава го достигна највиското ниво од средината на деведестите години од минатиот век, соопшти денеска Комитетот за заштита на новинарите. На врвот на списокот е Иран, по кој следуваат Еритреја, Кина, Мјанмар, Виетнам, Турција и Сирија. Како најлоши светски региони се наведени Блискиот Исток и Северна Африка каде што се затворени дури 77 новинари, или 45 насто од вкупниот број затворени новинари во светот.
XS
SM
MD
LG