Достапни линкови

Најмалку 54 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Кабул


Самоубиствен бомбашки напад врз шиитски храм во Кабул.

Самоубиствен бомбашки напад врз шиитски храм во Кабул.

Најмалку 54 луѓе загинале, а околу 100 се повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад врз еден шиитски верски објект во главниот град на Авганистан, Кабул. Според полицијата, до експлозијата дошло кога во објектот биле собрани стотици шиити на прослава на верскиот фестивал Ашура.

Талибанците негираат вмешаност во нападот. Досега никој не ја презеде одговорноста.

Во меѓувреме, бомба експлодирала и во една џамија во градот Мазар-и-Шариф, при што загинале најмалку 4 лица.
XS
SM
MD
LG