Достапни линкови

Над 40 загинати во бомбашки напад во Кабул


Кабул 06.12.11

Над 40 луѓе загинале, а околу 100 биле повредени во денешниот самоубиствен бомбашки напад врз еден шиитски верски објект во главниот град на Авганистан, Кабул. Според полицијата, до експлозијата дошло кога во објектот биле собрани стотици шиити на прослава на верски празник. Во меѓувреме, бомба експлодирала и во една џамија во градот Мазар и Шариф, при што загинале најмалку 4 лица. Засега никој не ја превзел одговорноста за нападите.
XS
SM
MD
LG