Достапни линкови

Над 300 демонстранти уапсени во Москва, на ден по изборите


Протести во Москва, 5 декември 2011

Протести во Москва, 5 декември 2011

Повеќе од 300 демонстранти биле уапсени синоќа по митингот во центарот на Москва, соопштува полицијата. Илјадниците демонстранти ја обвинувале власта дека ги лажирала изборите на кои владеачката партија Единствена Русија освои близу 50 проценти од гласовите.
Полицијата соопштува дека по митингот демонстрантите требало да се разидат по дома, но некои од нив се обиделе да го пробијат полицискиот кордон и да го запрат сообраќајот.
Над 100 демонстранти биле уапсени и во Санкт Петерсбург.
Опозициските парти и независните наблудувачи оценија дека за време на изборите имало многу кршења на изборните правила а посматрачите на ОБСЕ забележалле и бројни неправилности при пребројувањето на гласовите.
XS
SM
MD
LG