Достапни линкови

logo-print

Ослободени Иранци што ја нападнаа британската амбасада во Техеран


Демонстранти претураат по британската амбасада во Техеран.

Демонстранти претураат по британската амбасада во Техеран.

Ослободени се единаесет демонстранти што беа уапсени за време на упадот во британската амбасада во Техеран, објави иранската агенција Фарс. Не се наведува причината за ослободување на, како што пишува агенцијата, приведените студенти. Според иранските закони, оштетувањето имот се казнува со затвор до три години. Толпа луѓе завчера упадна и кршеше во британската амбасада и во уште едно британско дипломатско претставништво во Техеран. Во знак на протест, Британија целосно ги прекина дипломатските односи со Иран.
XS
SM
MD
LG