Достапни линкови

Смртни казни за бомбашите од метрото во Минск


Дмитри Коновалов и Владислав Коваљов се осудени на смртна казна.

Дмитри Коновалов и Владислав Коваљов се осудени на смртна казна.

Смртна казна за двајцата Белоруси, обвинети за подметнувањето на бомбата во метрото во Минск, кога загинаа 15 лица, а повеќе од 200 беа повредени, пресуди белорускиот суд. Тие се осудени и за бомбашки напад на прославата на денот на независноста во Минск во 2008-ма година.

Сепак, активистите се сомневаат дека белоруската тајна полиција им подметнува на 25-годишните Дмитри Коновалов и Владислав Коваљов и бараат да не се изврши егзекуцијата.

Белорусија е единствената земја во Европа во која се уште се извршува смртна казна.
XS
SM
MD
LG