Достапни линкови

Протести во Јужна Осетија против фарсата со претседателските избори


Стотици приврзаници на дисквалификуваната кандидатка за претседател на Јужна Осетија, Ала Џиоева, демонстрираат денеска во главниот град Цинвали против одлуката на судот со која и е одземена победата на претседателските избори. Покрај тоа, парламентот не и дозволи на Џиоева повторно да се кандидира на претседателските избори кои се презакажани за во март догодина.

Таа денеска изјави дека се смета за претседател на Јужна Осетија и дека планира да формира владин совет. Нејзин против-кандидат на изборите беше Анатолиј Бибилов, кој имаше подршка од Москва.
XS
SM
MD
LG