Достапни линкови

Двајца Бошњаци осудени за воени злосторства


Бугојно.

Бугојно.

Двајца поранешни офицери на босанската армија денеска се осудени на затворски казни за нечовечки третман на хрватски заробеници во воен логор за време на војната. Судот во Босна го осуди поранешниот управник на логорот Искра во Бугојно, Нисвет Гасал, на 6 години затвор, додека поранешниот полициски командир од Бугојно Сенад Даутовиќ доби 13 години затвор.

Судот соопшти дека во 1993 и во 1994 година во логорот биле затворени повеќе од 300 босански Хрвати кои „редовно биле изложувани на нечовечки третман и носени на принудна работа на линиите на фронтот“.

Босанското обвинителство соопшти дека се уапсени уште осум Муслимани осомничени за злосторства против Срби и Хрвати во три импровизирани логори за време на војната од 1992 до 1995 година.
XS
SM
MD
LG