Достапни линкови

Блатер се извини за коментарот за расизмот


Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер денеска се извини за неговите коментари во врска со расизмот, поради кои британските медиуми бараа тој да си поднесе оставка. Блатер предизвика остри реакции кога во средата оцени дека расистичките испади на фудбалските терени можат да бидат решени со ракување по натпреварот. Блатер сепак нагласи дека нема да си поднесе оставка и оти ова било лекција и за него дека треба да важи максимата за нула толеранција за расизмот.
XS
SM
MD
LG