Достапни линкови

Екстрадиција на Един Џеко во БиХ за воени злосторства


Натурализираниот американец Един Џеко ќе биде испорачан во БиХ каде што ќе му се суди за воени злосторства врз цивили и заробеници. Суд во Сиетл синоќа одобри екстрадиција на 39 годишниот Џеко, а обвинетиот се согласи со таа одлука. Тој бил поранешен припадник на специјалната единица Зулфиќар на армијата на БиХ и е обвинет е за убиство на најмалку 12 хрватски цивили и воени заробеници и ранување четворица цивили од кои две бебиња во 1993 година во селото Трусина во општината Коњиќ. Во Орегон е во тек и процес за екстрадиција на Расема Хандановиќ, наречена Зоља, која е уапсена заедно со Џеко врз основа на потерница од БиХ. Таа е обвинета за убиство на една жена и брачен пар како и за учество во убиства на невооружени хрватски војници и цивили.
XS
SM
MD
LG