Достапни линкови

Софија со ист став за интеграцијата на Македонија во ЕУ


Официјална Софија го нема сменето ставот во врска со процесите на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Ова за Радио Слободна Европа го изјави денеска во Дебар вршителката на должност, амбасадор на Република Бугарија во Македонија, Вања Андреева, на прашањето на нашиот дописник во врска со коментарите на одредени медиуми изнесени деновиве во Македонија.
“Бугарија има исти непроменети позиции кога е во прашање нејзиниот став за интегрирањето на Македонија во ЕУ, рече Андреева и додаде дека таа не навлегува во она што го изнесуваат медиумите”. Андреева, ова го изјави по средбата со дебарскиот градоначалник Аргетим Фида, на која биле разменети мислења околу соработката на Дебар со збратимениот град Лом од Бугарија.
XS
SM
MD
LG