Достапни линкови

Вицепремиерката Теута Арифи во Брисел


Заменик претседателот на македонската влада задолжен за европски прашања Теута Арифи денеска во рамките на работната посета на Брисел, се сретна со комесарот на Европската унија за проширување Штефан Филе, со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување Стефано Санино и со Мирослав Лајчак, директор за Европа и Централана Азија во Службата за надворешни работи на ЕУ. На средбите таа ги презентираше активностите кои се планирани да бидат преземени со цел да се адресираат препораките нотирани во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија.
XS
SM
MD
LG