Достапни линкови

Италија во политичка неизвесност


Италија се соочува со политичка неизвесност откако премиерот Силвио Берлускони најави дека ќе си поднесе оставка, веднаш откако парламентот ги усвои буџетските реформи.

Реформите ги бараа европските партнери за да и помогнат на Италија да се справи со должничката криза. Партијата на Берлускони смета дека треба да бидат распишани предвремени избори, додека опозиционите лидери повикуваат на формирање влада на национално единство. Берлускони, пак денеска изјави дека тој нема да се кандидира на евентуалните предвремени избори.

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано изјави дека ќе ги почне консултациите со сите политички партии откако ќе бидат усвоени буџетските реформи.
XS
SM
MD
LG