Достапни линкови

Пуштен во употреба Северниот тек


Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Дмитриј Медведев, свечено го пуштија во употреба гасоводот Северен тек – стратешки гасовод под Балтичкото Море долг 1.224 километри, кој ќе ја снабдува Западна Европа со руски гас. На свеченоста во градот Лубмин во северна Германија присуствуваа и премиерите на Франција и на Холандија, Франсоа Филон и Марк Рут, како и европскиот комесар за енергетика Гинтер Отингер.

Кога ќе го достигне целосниот капацитет кон крајот на 2012 година, низ Северниот тек ќе може да се пренесат 55 милиони метри кубни гас годишно во наредните половина век, што е доволно за снабдување на 26 милиони домаќинства. Северниот тек вреди 7,4 милијарди евра.

Полска и балтичките земји долго време протестираа против проектот кој ги заобиколува нивните територии. Тие се плашат дека кога ќе преговараат за рускиот гас ќе бидат оставени сами на себе.
XS
SM
MD
LG