Достапни линкови

Нов споменик на Сталин во Запорожје


Стариот споменик на Сталин во Запорожје.

Стариот споменик на Сталин во Запорожје.

Нова статуа на советскиот диктатор Јосиф Сталин беше поставена денеска во украинскиот град Запорожје, на местото на стариот споменик што беше урнат, веројатно од украински националисти. Повеќе од 1.000 луѓе во градот со доминантно руско население се собра на свеченоста за открување на стаутата.

Денешниот ден во Советскиот сојуз беше државен празник на кој се славеше доаѓањето на Бољшевиците на власт во 1917 година.

Сталин е омразена личност меѓу украинските националисти, кои го обвинуваат дека со политиката на присилна колективизација довел до смрт на милиони луѓе од глад, во украинската историја познато како Холодомор.
XS
SM
MD
LG