Достапни линкови

Иран подготвува нуклеарка, Израел се заканува со бомбардирање


Нуклеарната постројка Бушер во Иран.

Нуклеарната постројка Бушер во Иран.

Претстојниот клучен извештај за иранската нуклеарна програма што го подготвува Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ) се базира на „фалсификат“, изјави иранскиот министер за надворешни работи, Али Акбар Салехи.

Се очекува, извештајот да им биде претставен на членките на МААЕ во вторник или во среда. Дипломатски извори од нуклеарната агенција на ОН информираат дека во извештајот се наведува оти Иран работи на теоретско моделирање на нуклеарни боеви глави и развива ракети што ќе може да ги носат. Западен дипломат вели дека извештајот се базира на голем број докази и оти ќе му биде многу тешко на Иран да ги прогласи за фалисификат.

Израелските медиуми шпекулираат дека официјален Тел Авив ќе го искористи извештајот како оправдување за воздушен напад на иранските нуклеарни капацитети. Израелскиот претседател Шимон Перез синоќа предупреди дека нападот на Иран е „се поверојатен“ поради загриженоста на разузнавачите дека „Иран е подготвен да добие нуклеарно оружје“.
XS
SM
MD
LG