Достапни линкови

Грузија ќе ја деблокира Русија за прием во СТО


Грузијскиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Капанадѕе изјави дека Грузија и Русија веројатно пред 10-ти овој месец ќе потпишат договор со која ќе се отвори патот за членство на Русија во Светската Трговска Организација. Капанадѕе најави дека договорот ќе биде потпишан на 9-ти ноември во Женева. Имено, Русија се согласила на условот, трговијата преку граничните премини во Абхазија и Јужна Осетија да биде под меѓународен мониторинг.
Грузија, поради руската подршка на нејзините сепаратистички региони, е единствената земја членка на СТО, која го блокира приемот на Русија.
XS
SM
MD
LG