Достапни линкови

logo-print

Папандреу се пишмани за референдумот


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу на самитот на Г-20 во Кан.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу на самитот на Г-20 во Кан.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу се откажал од намерата за свикување референдум за спасувачкиот план на ЕУ, објавија дел од светските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори од кабинетот на Папандреу. Тие велат дека грчкиот премиер ја донел оваа одлука на вонредната владина седница што се одржа денеска.

Според соопштението од владиниот кабинет, референдумот никогаш не бил цел сам за себе. Во соопштението се цитира Папандреу кој рекол:

„Имавме дилема – или вистинска согласност или референдум. И вчера реков, ако постигнеме согласност, нема потреба од референдум.“

Се очекува денеска Папандреу да зборува пред парламентот кој одржува итна седница за гласање доверба на владата. Предвидено е седницата да заврши утре. Според извори од кабинетот на Папандреу, тој нема да поднесе оставка и ќе го чека исходот од гласањето.
XS
SM
MD
LG