Достапни линкови

САД: се подобрува безбедноста во Авганистан


Во најновиот извештај на Пентагон до американскиот Конгрес се наведува дека во поголемиот дел на Авганистан се намалил бројот на талибанските напади. Притоа се додава дека за тоа придонесла офанзивата на американските и сојузничките сили. Во извештајот се прецизира дека од почетокот на април до крајот на септември годинава биле забележани 2500 напади, додека во истиот период лани имало 4000 напади. Исто така се наведува дека бунтовничките кампови во Пакистан и натаму се закана по безбедноста во Авганистан.
XS
SM
MD
LG