Достапни линкови

Турција- се уште трае потрагата по преживеани од земјотресот


Провинцијата Ван, погодена од земјотресот

Провинцијата Ван, погодена од земјотресот

Спасувачите во Турција се уште спасуваат преживеани од под урнатините по земјотресот, кој во неделата го погоди регионот Ван. Досега од под урнатините се извлечени тела на 459 починати луѓе. Според официjалните податоци, повредени се над 1.300 луѓе, повеќе од 2260
објекти се разурнати ,илјадници луѓе останале без своите домови.
Луѓето спијат во шатори или во автомобилите бидејќи се плашат да се вратат во своите домови.
Премиерот Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот рече дека Турција
може засега сама да се справи и не треба меѓународна помош. Но Владата сега ретерира и бара помош, во шатори, монтажни куќи, контејнери. Турција прифати помош од 30 земји, меѓу кои и од Израел.
XS
SM
MD
LG