Достапни линкови

Санадер бара да се брани од слобода


Судот во Загреб денеска ќе донесе одлука дали поранешниот хрватски премиер Иво Санадер ќе остане во притвор или ќе му биде дозволено да се брани од слобода. Еден од адвокатите на Санадер соопшти дека одбраната ќе понуди кауција, но не соопшти за колку пари станува збор. На Санадер му е одредена мерка притвор од 9 ти декември минатата година , но тогаш тој ја напушти Хрватска. Денешното рочиште ќе се оддржи зад затворени врати за јавноста.
XS
SM
MD
LG