Достапни линкови

Законот за државјанство пред македонските пратеници


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи единаесетaта седница на чиј дневен ред меѓу другото се законите за изменување на Законот за државјанството на Република Македонија, Законот за оружјето, Законот за странците и на Законот за спречување на судир на интереси, сите во прво читање.
Пратениците треба да се произнесат и за именување член на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и предлог законите за ратификација на Ревидирана Европска социјална повелба и за ратификација на изменување и дополнување на Конвенцијата за физичка заштита на нуклеарен материјал.
XS
SM
MD
LG