Достапни линкови

Арифи:Извештајот е нашата реалност


Вицепремиерката Теута Арифи

Вицепремиерката Теута Арифи

Извештајот од Европската Комисија е нашата реалност, датумот за преговори како и во минатите две години е поврзан со решението за спорот со името. Ова денеска го изјави вицепремиерката Теута Арифи по средбата со директорот во Директорот за проширување на ЕУ Александра Кас Грање. Арифи изјави дека земјава треба да покаже политичка волја и да го очекува истото од Атина, но и малку помош од ЕУ за да се надмине овој проблем. Таа додаде дека за Македонија е многу битно во новата реорганизација на Западен Балкан, каде што другите земји веќе добиваат друг статус во односите со ЕУ и земјава да биде брза и ефикасна по однос на приближувањето кон овој процес.
XS
SM
MD
LG