Достапни линкови

Македонија и Црна Гора потпишаа договор за екстрадиција


Macedonia - Ministerial Forum on Justice and Home Affairs in Ohrid, 04Oct2011

Macedonia - Ministerial Forum on Justice and Home Affairs in Ohrid, 04Oct2011

Министрите за правда на Македонија и Црна Гора Блерим Беџети и Душко Марковиќ, денеска во Охрид потпишаа Договор за екстрадиција на граѓани со двојно државјанство, осудени за тешки кривични дела. Двајцата министри истакнале дека со овој договор ќе се овоможи поефикасна борба против организираниот криминал. Македонија пред неколку месеци потпиша и со Хрватска договор за eкстрадиција а се очекува наскоро да потпише и со Србија.
XS
SM
MD
LG