Достапни линкови

logo-print

Ердоган во Македонија


Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган денеска престојува во официјална посета на Македонија.

Односите на Турција со Македонија никогаш не биле условени, а тоа значи дека не смета со кого и какви односи гради земјата кон трети земји, оценуваат домашните аналитичари. За Македонија е од исклучителна важноста да ја има Турција како значителен политички, но и економски партнер. Турција секогаш ја поддржувала Македонија, дури и во однос на прашањето за името со Грција. Во сите меѓународни документи Турција со фуснота истакнува дека ја признава Македонија под уставното име.
Не верувам, ниту е можно да се види дека Турција поставува некакви услови во однос на тоа со кого Македонија и како гради односи.

Политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил вели дека континуираното приближување на Турција кон земјите од Блискиот исток, нема да фрли сенка во билатералните односи Македонија-Турција, ниту пак ќе го намали нејзиниот интерес за Балканот.

„Турција е прво многукратно поголема држава од Македонија и во таа смисла се однесува така како што се однесуваат тие држави, значи гради односи кон сите страни на своето поблиско или подалечно соседство. Не верувам, ниту е можно да се види дека Турција поставува некакви услови во однос на тоа со кого Македонија и како гради односи.“
Турција секогаш ја поддржувала Македонија, дури и во однос на прашањето за името со Грција.

Турција е значаен трговски партнер на Македонија и е една од првите десет земји со кои Македонија има најголем обем на трговска размена. Размената за 2010 година достигна 310 милиони долари, а годинава се очекува да достигне 400 милиони долари. Можности за соработка постојат во прехранбената, текстилната и кожарско-преработувачката индустрија, градежништвото, посочуваат од македонското Министерство за надворешни работи. Оттаму информираат дека со оглед на можностите, земјава се уште е недоволно застапена како инвестициско подрачје на турските бизнисмени. Причина за тоа, пак, вели Исмаил, е нееднаквиот третман на земјата кон сите странски инвеститори.
Турскиот бизнис секогаш кажуваше дека со задоволство би дошол во Македонија доколку би ги добил истите услови коишто ги добива да речеме, грчкиот капитал.

„Турскиот бизнис секогаш кажуваше дека со задоволство би дошол во Македонија доколку би ги добил истите услови коишто ги добива да речеме, грчкиот капитал.“

За време на последната посета на турскиот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу во земјава односите меѓу двете земји беа посочени како пример дека две држави може да соработуваат не само заради доброто на двете земји, туку и поради постигнување на регионален просперитет. Тогаш меѓудругото беше речено дека Македонија и Турција имаат слични или исти позиции во однос на најважните прашања кои ја засегаат југоисточна Европа.

Турција е првата земја што ја призна независноста на Македонија и единствената која го употребува уставното име во мултилатералната комуникација.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG