Достапни линкови

Инцидент во Северно Косово на преминот Јариње


Силите на НАТО денеска употребиле солзавец и гумени куршуми за да ги растераат Србите кои со камења фрлале кон војниците на КФОР. Инцидентот се случил попладнево кога Срби опколиле десетина германски војници и ги нападнале со камења, при што војниците возвратиле со гумени куршуми, соопшти КФОР. Над 1500 Срби протестирале на преминот Јариње, против отстранувањето на барикадите.Потпаролот на КФОР потврди дека при инцидентот било пукано и од огнено оружје но лицето што пукало не е идентифукувано и нема повреден војник. Српските медиуми повикувајќи се на лекарски извори тврдат дека се повредени неколкумина Срби.
XS
SM
MD
LG