Достапни линкови

Путин е новиот кандидат за претседател на Русија


Рускиот премиер Владимир Путин денеска изјави дека го прифатил предлогот на неговата партија да стане следиот претседател на Русија. Путин во својот говор на Конгресот на владечката партија Обединета Русија им се заблaгодари на делегатите за позитивната реакција и изјави дека ќе му биде голема чест да се кандидира за претседател.
Претходно досегашниот руски претседател Дмитри Медведев во својот говор пред сопартиците ја најави кандидатурата на Путин.
Путин и Медведев и официјално си ги сменија улогите, на престојните парламентарни избори во декември носител на изборната листа ќе биде Медведев а на претседателските избори во март ќе се кандидира Путин.
XS
SM
MD
LG