Достапни линкови

Во Џорџија извршена смртната казна врз Трој Дејвис


Во американската држава Џорџија денеска беше извршена контроверзната смртна казна врз Трој Дејвис. Казната со смртоносна инекција беше спроведена откако Врховниот суд ја отфрли жалбата за помилување. 42 годишниот Дејвис беше осуден за убиство на полицаец во 1989 година. Неговите адвокати тврдат дека пресудата била изречена по сомнителни сведоштва. Овој случај го сврте вниманието на светската јавност, а многу државници бараа тој да биде помилуван.
XS
SM
MD
LG