Достапни линкови

logo-print

Времето и денеска облачно и врнежливо


Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат со пороен карактер, со грмежи и засилен ветер. Локално ќе наврнат и до 30 литри на квадратен метар, а брзината на ветерот ќе достигнува и над 70 километри на час. Утринската температура се движи од 12 до 17, а дневната ќе биде од 14 до 20 степени.
Во Скопје и околината облачно со повремен дожд и грмежи. Утринската температура се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
XS
SM
MD
LG