Достапни линкови

logo-print

Тачи: косовски цариници на премините Јариње и Брњак


Премиерот на Косово Хашим Тачи денеска во Приштина изјави дека изутрината почнал успешно да се спроведува оперативниот план за распоредување косовски цариници и полицајци на граничните премини на северот на Косово. Тој притоа упати апел до властите во Белград конечно да се откажат од, како што изјави, очајничките обиди да го дестабилизираат регионот и да го прифатат фактот дека Косово е независна држава. Министерот за Косово во Владата на Србија Горан Богадновиќ изјави дека имало информации оти косовски цариници со два хеликоптера на Еулекс биле пренесени на граничните премини Јариње и Брњак, но оти тоа треба да биде и официјално потврдено. Тој додаде дека србите мирно и достоинствено се спротивставувале на планот на Приштина за контрола на граничните премини.
XS
SM
MD
LG