Достапни линкови

Брамерц: Затворањето на „хашката глава“ без Тадиќ не беше можно


Главниот обвинител на Меѓунардониот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамерц

Главниот обвинител на Меѓунардониот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамерц

Србија по многу години соработка со Меѓународниот суд во Хаг покажа дека е демократско општество, посветено на владеење на правото и заедничките европски вредности. Ова го изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ на заедничка прес-конференција со главниот обвинител на Меѓунардониот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија Серж Брамерц. Брамерц изјави дека затворањето на „хашката глава“ немаше да биде можно без клучната политичка поддршка на српскиот претседател. Тој додаде дека главна цел на Меѓународниот суд е да се пронајдат сите кои им помагале на лицата обвинети од Трибуналот и се надева на значајна поддршка од Србија. Тадиќ изрази уверување дека Србија ќе продолжи со политиката на помирување и истрагата на воените злосторства.
XS
SM
MD
LG