Достапни линкови

Шефот на Арапската лига во Сирија


Генералниот секретар на Арапската лига Набил ел Араби

Генералниот секретар на Арапската лига Набил ел Араби

Генералниот секретар на Арапската лига Набил ел Араби се очекува денеска да престојува во Дамаск во обид да изврши притисок врз режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад да ја запре употребата на сила врз демонстрантите. Оваа посета беше планирана за средата, но по барање на Сирија таа беше одложена за денеска. Сиријскиот режим се соочува со зголемен меѓународен притисок. Обединетите нации соопштија дека од почетокот на протестите во март годинава досега биле убиени најмалку 2 илјади и 200 луѓе.
XS
SM
MD
LG