Достапни линкови

Србија ја има поддршката од Грција за ЕУ


Србија ќе го добие гласот и поддршката на Грција на 9 декември кога лидерите на Европската унија треба да одлучат дали да и дадат статус на кандидат за членство и датум за почнување преговори. Ова го изјави денеска грчкиот министер за надворешни работи Спирос Ламбринидис по средбата со српскиот вицепремиер за евроинтеграции Божидар Џелиќ во Белград каде што е во дводневан посета. Тој додаде дека е убеден дека Србија ги исполнила сите услови. Во рамки на минибалканската турнеја, Ламбринидис ја посети Хрватска, а од вчера е во Белград. До крајот на денот, тој ќе замине за Приштина каде ќе се сретне со косовскиот премиер Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG